Петар Печков
Објавено: недела, 04 декември 2011
Требаше ова да биде натпревар кој ќе решава за второто место на табелата, но велешани кои се судруваат со егзистенцијални проблеми играа со младинците. Затоа средбата беше лесен тренинг за соседите од Свети Николе, кои дојдоа до значајни два бода за место во четворката која води во разигрувањето за првак напролет.
Во празната поради казна, и ладна сала ,,Гемиџии,, одличен впечаток остави младиот голманот Стојчев кај Борец кој со 23 одбрани и два на удари до седум метри, со што спречи потежок пораз за Борец. Кај домаќините Петревски со 7 и Костов со 4 беа најефикасни а кај Овче Поле Василев со 7 и доскорашниот ракометар на Борец Слободан Трчков со 5.
Tweet |